ДИОНИСОС лето 2026 Грција | Халкидики: Дионисос (Paralia Dionisiou) е шармантно туристичко одморалиште во еден од најубавите делови на Халкидики, на само 57 километри јужно од Солун и 3 километри од Неа Муданија. Лоциран во Солунскиот залив, Дионисос нуди идеални услови за семеен одмор во Грција. Со своите прекрасни песочни плажи и шеталиштето украсено со палми и цвеќиња, Дионисос привлекува многу посетители, особено оние кои бараат мирно место за одмор и прифатливи станови за изнајмување на Халкидики. Ова место нуди одлични врски со Солун, како и близина на полуостровите Касандра, Ситонија и Атос, што го прави идеална основа за истражување на Халкидики. Плажата Дионисос е долга, песочна и многу погодна за семејства со деца, благодарение на постепеното влегување во водата и бистрината на морето.
- ВИЛА JORGOS
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН, БЕЗ ПРЕВОЗ | ДИОНИСОС лето 2026 Грција
| Вила JORGOS | 30.05. 08.06. | 08.06. 17.06. | 17.06. 26.06. | 26.06. 05.07. | 05.07. 14.07. | 14.07. 23.07. | 23.07. 01.08. | 01.08. 10.08. | 10.08. 19.08. | 19.08. 28.08. | 28.08. 06.09. | 06.09. 15.09. | 15.09. 24.09. |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Број на ноќевања | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 |
| Апартман 02 наем | 260 | 320 | 420 | 450 | 520 | 560 | 585 | 645 | 645 | 585 | 470 | 395 | 320 |
| Апартман 03 наем | 275 | 340 | 455 | 480 | 560 | 595 | 630 | 695 | 695 | 630 | 495 | 430 | 340 |
| Апартман 04 наем | 295 | 360 | 480 | 520 | 595 | 645 | 675 | 750 | 750 | 675 | 550 | 455 | 360 |
- Климата е вклучена во цената
Оваа прекрасна вила нуди многу удобни апартмани, со внимателно одржуван простор и вкусно дизајниран ентериер. Опкружен со зеленило, сместен е во пријатна атмосфера која придонесува за целосна релаксација. Дворот е прекрасно уреден, обезбедувајќи им на гостите совршено место за уживање во слободното време. Вилата се наоѓа на околу 250 метри од плажата. Поседува двокреветни, трокреветни и четирикреветни апартмани. Апартманите поседуваат кујнски дел, бања и тераса. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.
ТУРИСТИЧКА ТАКСА Од 01.01.2018 година Министерството за туризам на Р.Грција има воведено туристичка такса за сите гости кои престојуваат во оваа држава, и истата се наплатува на лице место кај сопствениците на приватното сместување или на рецепција кај хотелското сместување. Очекуван износ на туристичката такса за 2026 године е 2 евра по студио / апартман на ден.
НАПОМЕНА за ДИОНИСОС лето 2026– Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
– Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
– Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
– Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
ПЛАЌАЊЕ И УСЛОВИ Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари. За овој аранжман важат oпштите услови за патување